Вработувањето на Мухамед Зекири во СДСМ е неправда за останатите невработени членови
Водителката и истакната опозициска активистка Нора Шакири јавно го запраша опозицискиот лидер Зоран Заев зошто помалку вредна од Мухамед Зекири. На нејзиниот посто одговори Заев, но тоа предизвика голем револт кај останати опозициски активисти, кои сметаат дека е неправда за останатите невработени членови.
-Не разбирам или не сакам или не можам да разберам…ЗЗ вели дека на Мухи му помогнал бидејќи останал без работа т.е дека баталил новинарство за да помогне да го бутне режимов..ОДЛИЧНО..Немам ништо против одлуката на СДСМ Мухи да е дел од СДСМ, сосема е ОК…Ја еве 4 години сум без работа, примања 0, зборувањето ГЛАСНО ме остави на улица, ме издигаа на клоци, ми ја затворија секоја можна врата и ми удрија во фамилија…ДА МЕ ЗГРИЖИ НЕКОЈ ИМА?? М?? Имам схколо, искуство, познанства..Доволно е ?, напиша Шакири, пренесе Курир.
На ваквата прозивка одговори првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, кој напиша оти не знаел дека таа има потреба од ангажман и работа, и ја повика на кафе кај него во партија, бидејќи Нора „требало само да спомне“.
-Секогаш можеш да сметаш на СДСМ. Требало само да споменеш. Можело директно да ми кажеш или пак преку некој. Како би можел јас да знам дека Нора Шакири има потреба од ангажман и работа. Повели Нора на кафе кај мене во партијата, напиша Заев.
Откако Заев одговори, на полемиката со свое мислење се јавија и други опозициски медиумски перјаници, но и партиски активисти. Критики за политиките на Заев отворено стигнаа и од опозицискиот колумнист Ивор Мицковски и некогашниот претседател на градската организација на социјалдемократите и близок пријател на екс лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, Љупчо Палевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа