ДУИ до Заев: Нека ти е со среќа

 

„Нека му е со среќа“. Ова е се што добивме како коментар од ДУИ по најавата на Заев дека на овие избори планира да освои повеќе албански гласови од „интегративците“.
Реакцијата од Мала Речица следи откако вчера Заев во интервју за Нова најави двојазичност во Македонија и рече дека очекува тоа да му донесе повеќе албански гласови од ДУИ.

Заев рече дека токму затоа и го вработил во партијата довчерашниот новинар Мухамед Зекири.

Ваквиот настап на Заев предизвика огромно незадоволство кај македонското гласачко тело. Граѓаните револтирани велат дека нема да дозволат Заев да ги распродава националните интереси и со нив да тргува во желбата да дојде на власт. Според нив, со вчерашната најава за албанизирање на деловите од Македонија каде што воопшто не живеат Албанци,  Заев веќе не може да смета на нивните гласови.

 

 
 
15.09.2016 - 10:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега