ДУИ побара ревидирање на границите на изборните единици

 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери, поднел предлог до координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДПА. неговиот предлог е ревидирање на границите на изборните единици и изедначување на бројот на гласачите по Изборна Единица.

Од ДУИ излегоа со став дека треба да се ревидираат границите за да нема ситуација каква што е сега од една до друга единица да има разлика и од 30.000 гласачи.

Ова следува откако Државната Изборна Комисија соопшти дека во шестата изборна единица има 5,28 отсто повеќе гласачи од законски дозволеното.

 
 
15.09.2016 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега