Заев потврди: Мухамед Зекири е на платен список на СДСМ

 

На Јани Макрадули му било нудено преку партијата да му се најде работа, но останал невработен. Зоран Заев потврди дека Мухамед Зекири е на платниот список на СДСМ.

По четиридневниот молк од СДСМ, најголемата опозициска партија конечно потврди дека Мухамед Закири е на партискиот платен список. Информациите кои КУРИР ги објави уште во саботата, дека новинарот кој за 24 часа се трансформираше од независен во член на Централниот одбор на СДСМ е на платен список на СДСМ, се покажаа како точни.

Ваквите информации лично ги потврди првиот човек на партијата Зоран Заев, кој во своето вчерашно интервју за НОВА ТВ изјави дека на Зекири “му дале плата за да не му ги оставеле децата гладни откако се одважил и ја напуштил работата за да помогне“.

-Зборувајќи за Мухамед Зекири, како тоа наеднаш влегол во СДСМ, па сме му дале и плата, што да ги оставме двете деца дома гладни, па напушти работа човекот и вика политички се активирам да помогнам. Негова одлука е, има вредност и кај Албанците и кај Македонците и кај Србите и кај Ромите и кај Бошњаците. Тоа е политика на отворени врати, еден од кадрите е и сега требаше да го оставиме без леб да му бидат децата за тоа што се одважил, рече Заев.

Коментирајќи ги пишувањата дека Јани Макрадули е невработен, Заев вели дека на Макрадули му било нудено преку партијата да му се најде работа

-Јани имал и понуди за работа во партијата и понуди на некои работи каде што партијата можела да помогне, рече Заев.

Заев сепак во интервјуто не откри дали и некои други членови на Централниот одбор на партијата исто како Зекири се на платниот список на СДСМ.

 
 
14.09.2016 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега