ДИК во недела ќе работи до полноќ: Побрзајте, рокот истекува

 

Заклучно со денеска, до 12:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 6984 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

На следниот линк можете да го следите овој број на поднесени пријави во реално време:

https://prijava.sec.mk/LiveDashboard.aspx

Од нив, 3015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3969 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Рокот за пријавување истекува на 19 август.

Канцелариите на ДИК на 19 август ќе работат до 19:00 часот, додека електронската апликација ќе биде отворена до 24:00 часот.

 
 
18.08.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега