Талески: Немаме направено прекршување на законот - сигурен сум дека ќе се дознае вистината
Во Советот на скопска Апелација денес се одржа седница на која се расправаше по жалбата на одбраната на градоначалникот на Битола Владимир Талески да му биде укинат домашниот притвор. По расправата Талески даде своја изјава:
-Ние немаме направено ништо со што сме се огрешиле пред законот. Немаме направено никаков прекршок. Апсолутно се чувствуваме супериорни бидејќи вистината е на наша страна и убеден сум дека овие луѓе во Апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат права мерка. Ценам дека сето ова добива еден расплет. Сигурен сум дека наскоро ќе дознаат дека се било наместено и дека вистината е на наша страна, изјави Талески.
Специјалното јавно обвинителство и денес без аргументи бараше на Талески да не му се укинува притворот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа