ВМРО-ДПМНЕ: Единствената европска вредност која ја знаат во СДСМ е вредноста на „едно евро за Вицето“
Интегрален текст од соопштението на ВМРО ДПМНЕ
Единствената европска вредност која ја знаат во СДСМ е вредноста на „едно евро за Вицето“.
Трагикомично е кога СДСМ, наследникот на поранешната комунистичка партија, се обидува да се идентификува со ЕУ. Дополнително, аболицирани криминалци како Зоран Заев не може да се занимаваат со политика во Европската Унија.
Единствената политичка партија во Македонија која ги застапува демократските европски вредсности е ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа го знаат и граѓаните и затоа својата доверба повеќе од 10 години континуирано ја даваат за ВМРО-ДПМНЕ. Во оној момент кога СДСМ конечно ќе одлучи да не бега од избори и ќе собере храброст да се соочи со граѓаните, ќе ја добие неизбежната казна од нив десетти пат по ред.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа