Тодоров: Постигнат е договор - народот ќе одлучи на кој ќе ја даде довербата

 

Никола Тодоров, од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ,  по постигнувањето на договор за ставање на крај на кризата, изјави дека е задоволен од она што е договорено и дека конечно граѓаните ќе може преку избори да изберат Влада, да поддржат конкретни проекти наспроти деструкција.

-Задоволен сум затоа што се отвора можност да се организираат фер демократски избори  на кој ќе учествуваат сите и на кој народот ќе одлучи на кој ќе ја даде довербата. Народот ќе може да ги поддржи проектите и дела, градби реформи наместо деструкција уништување и криза. Задоволен сум затоа што со овој договорен се гарантира дека СДСМ ќе биде оневозможена да први масовни партиски чистки во МВР и дека со завршување на изборите завршува и оваа т.н. „пржинска“ Влада.

 
 
20.07.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега