ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на СДСМ ја оштетија за 25 милиони евра Македонија
Со манипулациите и притисоците до светските финансиски институции со цел да создаде вештачка паника, СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра, наведува владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на прес-конференцијата на претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Кире Наумов, кој оцени дека еврообврзницата била издадена незаконски.
Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое, истакнуваат, беше одложено поради деструктивното делување на Заев и СДСМ, до второто издавање е директна заслуга само на СДСМ.
- Поради СДСМ граѓаните на Република Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра, пари кои ќе останеа во државната каса доколку аболицираниот криминалец Заев не тргнеше со сите сили да го руши рејтингот на Македонија во светот. Овој срамен, противдржавен чин на СДСМ е уште еден показател дека оваа криминална банда предводена од аболицираниот криминалец Зоран Заев се раководи единствено по логиката „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, с евели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ истакнува и дека „СДСМ неодамна им нанеле штети во вредност од милиони евра на македонските граѓани преку ширење лаги од фабриките за афери за наводна девалвација на денарот“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа