Трајковски: СЈО не презентираше ниту еден доказ, a ја доби целата документација за Космос
Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски денес беше во Основен суд и даде изјава за случајот кој го отвори СЈО, поврзан со рушењето на Космос.
Во студиото на ТВ Нова тој рече дека ова е уште една убава можност да ја докажат законотитоста на постапката при рушењето на објектот кој Фијат Цановски го градеше спротивно на дозволата за градба.
-Не е прв пат во судска постапка да се докажува овој случај. Досега имаме 20-тина судски пресуди. 9 од Управен суд, 9 потврдени од Вишиот управен суд, една судска пресуда од Уставниот суд и една од Врховниот суд. Во таа законска постапка беше докажано дека сме постапиле согласно законот, рече градоначалникот.
Тој вели дека жали што СЈО презентираше повеќе политика отколку факти и аргументи.
Трајковски истакна дека општина Гази Баба во цела постапка при прибавување на документи од СЈО биле конструктивни. СЈО ја добило целата документација која ја побарало од општината, а ќе добијат и уште ако е потребно. Градоначалникот потенцира дека иако ја добиле целата доказна документација, СЈО не објавило ниту еден доказ од она што го добило.
Телевизија НОВА во денешното отворено студио ги поканило Фијат Цановски и Мирослав Грчев, но двајцата одбиле да се соочат со градоначалникот Трајковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа