Неколку факти за кралицата на празничните јадења - руската салата

 

За прв пат е направена во 1860 година, од страна на Лусеин Оливие.

Лусиен Оливие во тоа време работел како шеф на кујната во ресторанот “Ермитаж” во Москва, каде што и ја направил фамозната и светски познатата руска салата.

Лусеин Оливие бил Французин, но сепак оваа салата е наречена „руска салата“ а не француска или Оливие салата, токму затоа што за прв пат е направена во Москва.

Сепак, првичната верзија на руската салата била поразлична од онаа кода денеска се наоѓа задолжително на нашата празнична трпеза.

Состојките на руската салата од 1860 година биле следни:

-телешки јазик,

-зелена салата,

-кавијар,

-парчиња јастог и копар,

-тврдо варени јајца

-зрнца соја.

Нејзината посебна состојка било исклучително квалитетно маслиново масло. А токму тоа посебно масло од Прованс, со вински оцет и сенф, го послужувал како прелив за салата, а денес претставува дресинг мајонез.

Популарноста на салатата на Оливие растела, а со тоа и заинтересираноста за рецептот од страна на неговите колеги конкуренти.

Па, така еден од колегите на Оливије набрзо успеал да му го украде рецептот, после што го споделил со остатокот од светот.

Салатата станувала се’ повеќе популарна, но доживеала и бројни промени, за денес единственото нешто што останало според принципот на Оливие е: “Измешајте еден куп состојки!”

Всушност, првобитната салата и морала да претрпи промени како би станала пристапна и за широките народни маси.

Во нашата држава е особено популарна верзијата во која што се става варен морков и компир, шунка, кашкавал, кисели краставички, мајонез, некои во оваа комбинација додаваат и тврдо варени јајца, а ако додадете и грашок, тоа веднаш прераснува во француска салата.

 
 
05.01.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега