Кеба се отвори: Јас сум свекор за 10ка ама Северина е...

Во интервју за една српска емисија, популарниот фолкер и свекор на пејачката Северина, Драган Којиќ-Кеба, реши да раскаже на кое ниво се семејните односи откако стана свекор.
- „Јас сум свекор за десетка, а и Северина е снаа за десет. Таа и мојот син многу се сакаат и тоа е вистинска љубов. Ние постојано се шегуваме, смееме и сме вистинско семејство. Едвај чекам да станам дедо и да ме израдуваат со внуче. Иако морам да нагласам, има едно прекрасно момче Александар, кое веќе ме вика дедо“ -изјавил Кеба.
28.12.2015 - 14:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









