Познатата пејачка итно мора на операција: Молете се за мене и моето семејство

Американската пејачка Џенет Џексон ја прекина својата турнеја поради тоа што итно мора да оди на операција. Како што пренесе Би-Би-Си, таа изјавила дека нема да изнесува детали за својата здравствена состојба.
- Ве молам молете се за мене и моето семејство. Ова се тешки времиња за нас, рекла 49-годишната Џенет.
Инаку, таа штотуку ја почна својата турнеја "Unbreakable" и мораше да ја прекине. Често имала вртоглавици и не и било добро на сцената.
- Срцето ми се стега што ја откажувам турнејата, рекла Џенет.
28.12.2015 - 08:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









