Боби Мојсовски со одлични вести пред Нова Година
Боби Мојсовски, по само месец дена од излегувањето на неговиот петти сингл „Погледни во мене“, објави дека штотуку го заврши снимањето на нов видео запис, за неговиот шести официјален сингл, овој пат со новогодишна – божиќна тематика.

Текстописец и композитор е самиот Боби Мојсовски, аранжманот е на Гоце Симоноски. Како и секогаш, за видео-записот Боби соработуваше со неговиот долгогодишен соработник Даниел Јовески.
28.12.2015 - 08:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









