Домаќинки со овој метод кората за торта секогаш ќе ви успева

 

Домаќинки, со едноставен метод, кората повеќе нема да ви се лепи за калапот или садот, а вашата торта ќе изгледа совршено.

Мрсната хартија е сојузник во печењето на колачот која спречува кората да се лепи за калапот или плехот. Меѓутоа понекогаш времето е кратко за правилно да се исече хартијата, а во тој случај ќе ви помогне алуминиумската фолија.

1. Обрачот за печење добро замотејте го со неколку слоеви алуминиумска фолија.

2. Замотаниот обрач ставете го на плехот за печење и ставете ја смесата.

3. Кога кората ќе се испече, оставете ја да се излади.

4. Потоа само тргнете го обрачот полека и отстранете ја фолијата од долната страна на кората.

На крај уживајте во украсувањето на кората.

 
 
27.12.2015 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега