Почина најдебелиот човек на светот, тежеше речиси пола тон

Мексиканецот кој е сметан за најдебел човек на светот почина вчера на 38-годишна возраст од срцев удар, два месеца по операцијата со помош на која требало да ги симне килограмите.
Андреас Морено Сепулведа, кој во најдебелата фаза имал 450 килограми, починал на пат кон болница.
– Добро се чувствуваше иако веќе претрпе два срцеви удари. Не можеше да дојде до здив, и почина во болничко возило, рече Кармен Паласиос, која му помогна за време на процесот на рехабилитација во последната година.
Сепулведа ослабе на 320 килограми пред да биде подложен на операција за намалување на желудникот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









