Без овие растенија нема божиќна магија во домот - прочитајте зошто е важно да ги имате
Овие растенија мора да ги имате во домот за да имате новогодишна и божиќна магија.

БОЖИЌНО ДРВЦЕ
Неговото име е Ilex aquifolium а во природата расте како декоративно зимзелено растение. Препознатливо е по црвените плодови кои растат на него. Плодовите созреваат во ноември и декември и се симбол на Божиќ, особено на запад.
Во минатото, кај Римјаните во чест на празникот на нивниот бог Сатурн, ова растение се сметало за заштитник од магија, а во христијанскиот свет белиот цвет од овој тип станал симбол на раѓањето на Исус, а црвените плодови ја претставувале неговата крв.
Секогаш може да ги искористите овие прекрасни гранчиња како божиќна декорација.
БОЖИЌНА ЅВЕЗДА
Божиќната или декемвриска ѕвезда позната под името Euphorbia pulcherrima потекнува од Мексико, а во Европа дошла во 20-от век. Може да се одгледува и во саксија, а е идеално растение за празниците, за декорирање на домот.

Се нарекува и празнична убавица, цвета за Божиќ, а ја симболизира ѕвездата која на тројцата кралеви им го покажала патот до Исус.
БАДНИКОВИ ГРАНЧИЊА

Секако не смеат да се заборават и бадниковите гранчиња за празникот Бадник. Се става на вратите, а на Бадник исе пали, а неговото присуство го има во речиси секое семејство оваа ноќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









