ВИДЕО: Го ограби момчето, па за момент подоцна му го спаси животот

 

Сигурносните камери снимија крадец во Париз како прво ја ограбува својата жртва, а потоа и го спасува животот.

Инцидентот се одиграл во метро, кое било момчето во алкохолизирана сосојба, седело на столчињата а протоа му се приближил крадецот. Тој седнал покрај него, за да што понеприметно му го извлече паричникот од џебот додека спие.

Кога успеал, се оддалечил, а пијаното момче паднало на шините. Минувачот кој го видел само го одминал, но набрзо потоа приоѓал воз, па крадецот се вратил трчајќи за да го извлече момчето кое претходно го ограби.

За среќа се заврши без трагедија, а полицијата го испитува случајот.

Не е познато дали крадецот е уапсен, како ни тоа во каква состојба е момчето кое паднало.

 
 
14.12.2015 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега