Студентите го прашале професорот зошто никогаш не се оженил - неговиот одговор ќе ве остави без зборови

Студентите го запрашале професорот зошто никогаш не се оженил.
„Вие сте мудар и искрн. Сите ве почитуваат, сакаат да ве следат. Но сепак, нас не интересира, зошто никогаш не сте се ожениле?“, професорот изненаден, одговорил:
„Јас секогаш барав совршена жена. Во таа потрага, патував во многу држави. Еднаш бев заљубен во преубава девојка. Беше неверојатно, неверојатно убава. Ниту еден маж не можеше да и одолее. Но нажалост, нејзината душа немаше таква убавина, па по извесно време се разидовме. После тоа сретнав уште една млада девојка. Таа беше убава, паметна и образована. Но нажалост, карактерите ни беа потполно различни и моравме да прекинеме. Од тогаш видов многу убави жени, но сеуште трагав по совршената. И ја сретнав. Еден ден се појави баш таква - паметна, убава, елегантна, добра... совршена“.
„И тогаш не се оженивте?“, заинтересирано прашаа студентите.
„Не. На мое разочарување, таа го бараше својот совршен маж. Многумина бараат совршенство кај други, а не работат на своето совршенство“, заклучи професорот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









