Сведоштво на внуката на баба Ванѓа: „Тоа не бев јас, тоа беа некои други, кои се наоѓаат пред мене“

Внуката на баба Ванѓа, Стојанова Касимир, во својата книга „вистината на Ванѓа“, ги запиша нејзините зборови: „Тоа не бев јас, тоа беа некои други, кои се наоѓаат пред мене“.
Еве дел од вистинска случка, запишана во книгата на Касимир:
„Се сеќавам на денот кога наполнив 16 години. Се сеќавам по тоа што после вечерата во нашата куќа, Ванѓа наеднаш започна да говори, обраќајќи ми се мене. Тоа веќе не беше таа, слушав глас од друг човек: ’Постојано, секој момент со будно око те следими’. Потоа ми кажа што правев во текот на денот. Останав без зборови. Подоцна ја прашав тетка ми: зошто таа ми го кажа тоа?
Ванѓа се зачуди: ’Ништо не ти зборував’. Меѓутоа кога повторив тоа што го слушнав, таа тивко изговори: ’Тоа не бев јас, тоа беа други, кои се наоѓаат пред мене. Јас ги викам мали сили, тие ми кажаа што си правела во текот на денот, но постојат и големи сили. Кога тие почнуваат да зборуваат преку мене, јас губам доста енергија, лошо ми е“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









