Сте го запознале совршениот маж, сте се венчале, но животот не е бајка: Девојки памет во глава!

 

Дали сте запознале шармантен маж? Токум тој е пред вас! Во првиот миг тој не ве воодушеви, но како времето поминува, се повеќе ви велгува под кожата. На крајот доаѓате до заклучок дека тој е човекот кој сте го чекале цел живот. Полн со хумор, пармер, има стил, образован, талентирн, омилен во друштво, а ве гледа вас и ве сака само вас. 

Нежен, полн со разбирање, вреден... Решавате да започнете заеднички живот. 

Набрзо ја откривате и другата страна. На работа не му оди се според планот, за тоа не зборува со задоволство. Станува досаден, напорен. Се повлекува во себе, не сака да зборува за проблемите кои го мачат правдајќи се дека не сака со тоа вас да ве оптертува. 

Сите важни одлуки ви ги препушта на вас, Полека превземате големи обврски во куќата, околу децата. 

Останува без работа, паѓа во депресија и, и се препушта, немајќи сила да ја преброди. Што се случи со оној силен маж кој сте го запознаел? 

Во се пронаоѓа замерка, бара „влакно во јајцето“. Незадоволен, никогаш не се смее, ни траг од оној задоволниот маж, кој вас толку ве освоил. Но присутна е неговата бескрајна суета, докажување и потреба да покаже како се разбира во секоја проблематика. 

Станува мрзелив, бесен кога треба да заврши некоја работа. Од совршениот домаќин ни трага ни глас. 

И понатаму им помага на пријателите и постојано се гледа со нив. Сте забележале уште една работа - а тоа дека вешто ги одбегнува одговорите, ако не му се свиѓа вашето прашање. 

Сте го фатиле во безброј лаги - сте ја изгубиле довербата.

Се запрашувате каде ви биле очите и како сте моожеле толку да згрешите? Но за ѓал не сте единствена, Животот не е бајка и ваква приказна можете да видите и во животот на вашата мајка, соседки па на крај на краева и личен пример. 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
11.12.2015 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега