Сериозни критики за мајката што на децата им купила 300 подароци за Божиќ

 

Британска мајка беше подложна на сериозни критики на социјалните медиуми затоа што на своите деца за Божиќ им купила 300 подароци.

Ема Тапинг, 27-годишна мајка на три деца, која живее на британскиот остров Ман, на „Инстаграм“ споделила фотографија од нејзината новогодишна елка, која едвај се гледа зад големиот куп подароци.

Фотографијата веднаш  стекна голема популарност на интернет, со над 50 000 споделувања и предизвика незадоволство кон мајката, која дури беше обвинета за малтретирање, преку разгалување на децата и за тоа дека погрешно го сфаќа божикниот дух.

Мајката одбива да се покае, па дури повторно ја споделува за многумина навредлива фотографија на елката и купот со подароци на својот профил на „Фејсбук“.

Во текстот под фотографијата Тапинг вели дека сака да си ги разгалува деца и дека напорно работи за да може да си го дозволи тоа. Таа исто така вели дека не и е гајле што мислат другите, користејќи и неколку вулгарности, за да го изрази своето мислење.

Откако станува популарна, Тапинг е поканета во едно телевизиско шоу во Велика Британија, каде што вели дека подароците чинат вкупно 1.500 фунти (2 270 долари) и дека своите деца не ги разгалува во другото време од годината.

По телевизиското интервју, хаштагот #TooManyPresents (Премногу подароци), станува еден од најпопуларните на „Твитер“, а корисниците продолжуваат да пишуваат критики, иако има и такви кои го штитат правото на Тапинг, да купува се што ќе посака.

 
 
11.12.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега