Овие намирници не ги консумирајте за појадок

 

Иако постојат многу намирници со кои успешно можете да се одбраните од уморот, постојат и такви кои дополнително ќе ве исцрпат. Прочитајте кои намирници би било најдобро да се одбегнуваат за појадок.

БАНАНИ

Бананите се богати со магнезиум кој ги опушта мускулите- одлични се ако се консумираат пред пиење, но не и за појадок или ужина.

БЕЛ ЛЕБ

Јаглехидратите кои влегуваат во составот на белиот леб, многу брзо се разградуваат и трошат, па затоа најдобрата опција е да се јаде интегрален леб.

ЦРВЕНО МЕСО

Мастите од црвеното месо тешко се разградуваат во организмот, па телото ќе потроши многу повеќе енергија за варење на овие намирници.

ВИШНИ

Богати се со мелатонин кој го регулира процесот на спиење, па би било најдобро да се одбегнуваат кога сакате да бидете будни.

КОЛАЧИЊА

Големата количина шеќер поттикнува лачење на триптофан, аминокиселини од кои ќе ви се приспие.

КАФЕ

Иако на телото ќе му даде енергија за многу кратко време, ќе се чувствувате многу уморно кога неговото дејство ќе престане.

 
 
08.12.2015 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега