Ги фрлате овие ќесички во ѓубре? - кога ќе видите што се прават ќе размислите два пати
![]()
Ќесичките со силиконски гел кои ги добиваме кога ќе купиме нешто ново за носење или нови обувки, најчесто ги фрламе, но верувајте, можат да завршат голема работа. На нив е нагласено дека не смеат да се јадат и дека се опасни, но може да ви послужат во куќата.
СТАВЕТЕ ГИ ВО РАНЕЦОТ ЗА ТРЕНИНГ
Поентата на овие ќесички е да го собираат вишокот влага, па затоа ставете ги во ранецот или торбата за тренинг каде ги ставате алиштата во кои сте се потеле. Овие ќеси ја смалуваат влагата, па така и бактериите кои ќе се таложат внатре.
СТАВЕТЕ ГИ ВО ФИОКАТА СО ЧИСТА ПОСТЕЛИНА И ПЕШКИРИ
Ставете ги овие магични ќесички кај чистата постелнина и пешкири иосвен што ќе ја упијат влагата, исто така подолго ќе ја задржат свежината и мирисот.
ЧУВАЈТЕ ГИ ДО БРИЧОТ
Ако користите брич за една употреба ова не важи за вас, но познато е дека најчесто сите ги употребуваме бричовите повеќе од еднаш додека не отупат, па ставете ги по употребата во сад со ваква ќеса во него.
ЧУВАЈТЕ ГИ ДО ФОТОАПАРАТ
Ако имате фотоапарат кој ви е потребен и со кој често сликата, ова е решението за вас. Сите знаеме дека ладното време и влагата му штетат на апаратот, па затоа ставете го во торба со вакви ќесички ибидете сигурни дека времето не му може ништо.
ОДМАГЛЕТЕ ЈА ШОФЕРШАЈБНАТА
Возачите најчесто во оваа доба од годината се нервираат бидејќи им се замаглува шофершајбната, па им треба повеќе време да ја одмаглат и да стигнат на посакуваната локација. Сепак, ваквите ќесички поставете ги под стаклото и ќе ги видите промените.
СПАСЕТЕ ЈА ШМИНКАТА
Задолжително во несесерот за шминки треба да имате вакви ќесички со силиконски гел кои ќе ви ја зачуваат шминката, особено онаа која е во прав. Послужајте го советот и нема да се покаете.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









