Оваа особина е клучна за успех во животот - ја поседувате ли?

Постојат многу квалитети и особини од кои зависат достигнувањата во животот, но експертите тврдат дека една од нив сепак е клучна од сите нив.
Дали некој ве има опишано како совесна личност или ви рекол дека сте совесен работник? Доколку вашиот одговор е позитивен, тоа е добра вест! Имено, токму совесноста е особина која на долг рок гарантира успех на сите животни полиња.
Успешните и стабилните луѓе ги красат многу позитивни особини, но изгледа дека најважна од нив е совесноста. Совесните личности се повнимателни кога нешто работат, педантни се и сакаат се да изработат точно и уредно. Никогаш не доцнат, фокусирани се на успешно извршување на своите задачи и секогаш се подготвени да им помогнат на колегите.
Бројни истражувања покажале дека оние учесници кои се одликувале со совесност имале подобра работа и поголеми приходи. Исто така, тие имале и подобри резултати за време на образованието, како и постабилни љубовни врски.
Освен успехот, совесните луѓе можат да се пофалат и со подобро здравје. Најчесто не пушат и не пијат, па заради тоа поретко се разболуваат и живеат подолго.
– Совесноста е како миење на заби, го спречува проблемот на самиот старт. Луѓето со таа особина секогаш имаат план. Дури и кога ќе им се случи неуспех, тие веќе знаат како да се справат со тоа – вели Брент Робертс, психолог од универзитетот во Илиноис, САД.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









