Јелена Ѓоковиќ го расплака светот

 

Јелена Ѓоковиќ се огласи за мигрантската криза во светот и на емотивен начин ја опишала моменталната ситуација. 

- Дали сте знаеле дека моментално има 60 милиони луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови? историски рекорд. Глобално секоја 122 личност во светот е мигрант кој бара азил. Се надевам дека сте свесни на медиумската и политичкатаз манипулација, која ја има насекаде. Не уверуваат нас дека бомбардирањето во Сирија или во енкоја друга држава е единственото правилно решение. Како некој кој го почуствувал бомбардирањето, можам само едно да кажам: „Бомбите не паѓаат секогаш таму каде што ќе кажат дека ќе паднат. Не убиваат само „ лоши луѓе“.  О, не! Болници, училишта, домови, згради... „само“  колатерална штета ќе предизвикаат. Нормално, многумина поради тоа ќе избегаат од своите домови. Немојте да ги обвинувате, тие само бараат сигурност. „ Дали сте знаеле дека американската војска на 3. октомври бомбардираше болница во Авганистан? 

Убиени се повеќе од 25 луѓе меѓу нив се и деца. Следниот ден прочитав на „Тајмс“ како било во прашање човечка грешка и дека пилотите се суспендирани. Ние луѓето во последно време правиме многу грешки... 

Колку човечки животи се одземени 15, 30, 130,300...? Кога животот ќе стане бројка мораме да се запрашаме во која насока идеме. Да ги одбереме бомбите или кое било друго оружје е погрешен избор.  Освен што прават огромна штета и убиваат луѓе, бомби, носат и друга штета на планетата Земја. Радијациа, загадување...

Луѓето кои не го изгубиле животот во бомбашкиот напад добиваат рак и други тешки болести, генерации и генерации на луѓе ќе умрат. Не ја вртете главата зашто така е лесно. Мораме да ги промовираме вистинските вредности. немојте да осудувате, да завидувате, да мразете, делете, пружајте, сакајте. Започнете од себе бидете личност која на овој свет сте му потребна. Ви посакаувам на сите мир и љубов, напишала Јелена. 

 

 

 

 

 

 

 
 
07.12.2015 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега