Тие се прв знак: Ладните дланки се аларм за опасна болест

Рејновата болест прави некои делови од телото, посебно прстите на рацете и нозете да трнат и побелат како последица од ладното и стрес. Кај овие болести малите артерии се грчат и го спречуваат стабилниот доток на крв во овие подрачја.
Кај жените е почеста оваа појава, а се врзува и за луѓето во поладни клими. За многумина оваа болест не е сериозна, но може да влијае на квалитетот на животот.
Симптомите се: Ладни раце или прсти.
Промена на бојата на кожата под влијание на ладно или стрес.
Чувство на трнење кога минува стресот или влегувате во топлото.
Кај нападот на оваа болест, обично прво побелуваат прстите, а потоа стануваат сини и трнат. Како што се подобрува циркулацијата тие делови од телото можат да поцрвенат, отечат или болат.
Рејновата болест може да влијае и на носот, усните, ушите па дури и брадавиците. Потребни се околу 15 минути од загревањето за состојбата да се подобри.
Доколку состојбата не се подобри веднаш посетете лекар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









