Се ближи финалето, тензијата расте: Кавги, солзи и хаос во Големиот Брат

Последната недела пред големото финале во Големиот Брат кавгите се нижат една по друга. Горам се скара со сите станари бидејќи не сака да учествува во новата задача во која можат да си го зголемат буџетот за главната награда, со оглед на тоа дека изгубија доста пари поради нивните прекршоци во куќата.
Горан вика по сите станари, а имаше и расправија со Големиот Брат бидејќи намерно ги прекршува правилата во куќата. Зорица иТина многу се навредија, за нив е несфатливо како тој дотуркал до финалето кога се однесува така. Тој ги навреди сите финалисти велејќи им дека се глупави што се борат за 50 евра.
Од ден на ден како што се ближи одлучувачкиот ден, тензиите растат.
Инаку, меѓу финалистите е и нашиот Дарко кој ја претстави Македонија во најдобро светло. Повлечен и културен, тој се покажа одлично, па останува да гласаме за него за Македонец да ја однесе големата победа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









