Сите велат дека се хомосексуалци а сега Раде откри голема тајна за Мика и Гиба

Откако Раде се врати во Големиот Брат за да им помогне на својата сопруга Рада и Зорица да настапат на музичкиот спектакл, па со негова помош беа второ место, тој се отвори за тоа како го поминува времето надвор од куќата.
- Откако излегов постојано гласот на Големиот Брат ми е во главата, се навикнав ете. Постојано чекам да ме викне во исповедалницата. Синот и снаата ми се смеат, вели Раде на шега, во негов препознатлив стил.
Иако неговата сопруга Рада излезе од шоуто во петокот, неговите синови Мика и Гиба ќе се борат во големото финале за главната награда. Тој вели дека со парите би отвориле фризерски салон за нив.
- Им се допаѓа во Хрватска, имаат германски менталитет но ја сакаат, вели Раде. Ако не победат моите синови, би сакал да победат Тина и Барбара, тие се добри и културни девојки, вели тој.
За Ервин вели дека не му се допаѓа бидејќи е молчелив, а за Стефани вели дека е луда.
Се лути бидејќи неговите синови ги сметаат за хомосексуалци: - Луѓето зборуваат, колку пријатели, тилку непријатели. Тие со години имаат девојки. Мика во Белград, Гиба во Германија, вели тој со што откри нешто што до сега не го знаевме.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









