ФОТО: Ја изневерив својата сопруга на некој начин - овој статус стана вистински хит

Џејсон од Солт Лејк Сити сподели со пријателите на Фесјбук емотивен статус во кој признал дека „ ја изневерил својата сопруга, на некој начин“.
- Малку ми е срам што ова го пишувам, но мислам дека ја изневерив својата сопруга на енкој начин. Стоев во редот во продавницата и забележав згодна девојка која стои пред мене. Во тој момент си помислив колку добро изгледа, нејзиното момче мора да е среќно. Но кога малку се потргна, сфатив дека тоа е мојата жена. Тука се воодушевив на самиот себе, бидејќи уште еднаш на необичен начин сфатив колку ја сакам и колку е убава. Потоа почнаа да ми се појавуваат мисли: Добро е што таа не забележа како оној забрадениот ја гледа или што ако постојано ја гледааат и ја меркаат други мажи. Ок, ова отиде предалеку, морам да запрам. И да и набавам солзавец. Не и пријдов, туку ја набњудував и и се дивев на нејзината убавина и за тоа колку воопшто не е свесна, напишал овој заљубен маж.
Овој статус го освои Интернетот, а откако предизвика многу вниамние, се огласи и таа, која објасанала дека сопругот не ја препознал бидејќи се средила. И доала дека ни малку не и смета што нејзиниот маж „гледал во друга жена“, бидејќи му верува сто посто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









