Пет години по нејзината смрт: Откриена причината поради која Филип ја уби пејачката

 

Ксенија Пајчин трагично го загуби животот, а убиството кое се случи во 2010 година дефинитивно го потресе регионот. Ксенија важеше за една од најсексапилните пејачки, а поради тоа имаше често проблеми и кавги со своето момче, црногорскиот манекен Филип Каписода, кој и го одзема животот. Да беше жива денес ќе имаше 38 години. Сега, пет години по нејзината смрт, е конечно откриено како била убиена.

- Ксенија имала јакна на себе, што значи била спремна за излегување. Каписода стигнал до вратата, со оглед на тоа дека телото беше пронајдено на вратата. Тој беше во маичка и фармерки, значи не планирале заедно да излезат. Очигледно е дека пробал да ја запре во намерата да излезе, акога му се спротивставила, ја убил со куршум во главата, па си пресудил и самиот, вели извор.

Инаку, меѓу парот имало љубов и хемија, но изворот вели дека имало и болна љубомора од страна на Филип.

 
 
05.12.2015 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега