Се разбудила во гроб - станала се исчистила па следел шок

Девојка која била на чекор до брак, се разбудила во плиток гроб откако нејзиниот свршеник се обидел најпрво да ја задави а потоа и закопа. 39-годишниот Кејт Хугс приведен е поради обид за убиство на неговата свршеница Стејси Гвилeм, и се соочува со доживотна казна.
Само пет дена откако се согласила да се омажи за своето долгогодишно момче, тој ја давел додека не изгубила свест. Нејзиното тело се обидел да го сокрие затрупувајќи ја во плиток гроб.
Кога се освестила, Стејси сфатила дека се наоѓа во земја прикриена со гранки и листови.
Нејзиниот свршеник во почетокот на годината е пуштен од затвор во кој поминал три ипол години поради три одвоени случаи на злоставување на своите девојки. По излегувањето од затворот Стејси и Кејт повторно стапиле во врска, а по некое време таа се одлучила и да се омажи за Кејт.
Пет дена по свршувањето, се шетале по плажа, но тогаш започнала расправија меѓу нив. Во исказот кој го дал на суд Кејт се вели дека неговата свршеница го обвинила дека и украл пари и дека сакала да го врати назад во заттвор.
"Се расправавме и викавме. Изгубивме контрола. Сакав само да престане да збори такви работи за мене", рекол Кејт кој потоа ја фатил својата свршеница за врат и започнал да ја стега. Изгубила свест и паднала на земја.
"Ме фати паника, си велев што направи? Немав намера да ја убијам. Ја ставив во едни грмушки а над нејзе ставив неколку гранки. Се чуствував грозно, мислев дека е мртва па заминав", завршил Кејт.
"Не се сеќавам што точно се случи. Станав и отидов да побарам помош. Мојот живот повеќе никогаш нема да биде ист", рекла Стејси.
Откако мислел дека е мртва и ја оставил, Кејт заминал во домот на Стејси, испил шише вотка, а потоа направил сообраќајка со нејзиниот автомобил.
"Не се сеќавам дека пиев, но кога полицијата ме фати бев пијан. Да можам барем да го вратам времето. Жал ми е поради тоа што го направив", рекол Кејт.
Во полицискиот извештај стои како Кејт, кога го упасила полицијата поради предизвикување сообраќајна несреќа извикувал "никогаш нема да ја пронајдете"!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









