Волку пари можеме да добиеме само на лото: Колку ќе заработат пејачите за Нова Година?

 

Вртоглави хонорари пејачите можат да добијат за само една вечер, за најлудата ноќ во годината.  

Здравко Чолиќ, Северина Вучковиќ, Тони Цетински, Сека Алексиќ, Аца Лукас, Наташа Беквалац, Рада Манојловиќ, Ана Николиќ, Катарина Грујиќ… во новата 2016-та година ќе зачекорат побогати за неколку десеттина илјади евра. Како и секоја година најмногу ќе заработи Здравко Чолиќ. Тој за настап на плоштадот во Будва ќе заработи ни помалку ни повеќе, туку 100.000 евра.

Тони Цетински за својот настап ќе наплати 60.000 евра. Северина Којиќ договорила настап за 50.000 евра во дискотека во Дубровник. За Сека Алексиќ исто така, нема зима. Таа својот ангажман го договорила за 30.000 евра.

Наташа Беквалац за настапот ќе наплати 20.000 евра. Рада Манојловиќ после настапот ќе биде побогата за 20.000 евра.

 
 
01.12.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега