Беше со Ервин, па со Ѓорѓе, па со Горан - погодете со кого живее Стефани сега

 
Во емисијата во живо во петокот од куќата на Големиот брат излегоа Мирјана, Стефани и Катја. И додека Мирјана се поздрави со сите станари, Стефани не беше нималку љубезна со поранешните цимери.
 
После излегувањето од куќата Стефани останала да живее во Белград, додека нејзината мајка заминала за Сплит. Катја во интервју за RTL.hr раскажува за своето искуство од куќата и впечатоците од станарите.
 
- Бев гостин во куќата и со самото тоа не бев оптеретена како и другите станари, но морам да кажам дека сето она што го зборуваше Стефани е вистина, а тоа е дека станарите немаат ма**ња. Горан е единствениот кој е искрен. Стефани не се поздрави со нив бидејќи не заслужија, ја повреди тоа што сите станари гласаа за нејзино напуштање на куќата, - изјавила мајката на Стефани, која додава...
 
- Јас можам да се концентрирам и програмирам за да издржам, но Стефани не можеше да издржи, затоа што се си става на срце. 
 
Таа вели дека за победник сака да го види Горан, додека најмалце симпатичен и бил Дарко.
 
Катја исто тако ткрива дека нејзе повеќе и се допаѓа Ѓорѓе од Ервин.
 
- Ѓорѓе ми е фина личност, повеќе ми се допаѓа од Ервин. После напуштањето на шоуто Стефани остана во Белград заедно со Ѓорѓе.   
 
 
01.12.2015 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега