Утре започнува големиот Христијански пост: Еве кои денови се пости со вода, а во кои се јаде риба

Целта на постот е да се исчисти телото, да се зајакне волјата, да се издигне душата над телото, сето тоа во чест на Бог.
Божиќните пости почнуваат утре, а ќе траат четириесет денови.
За време на овој период не се јаде месо, јајца, како и друга мрсна храна. Маслото и виното се дозволени во сите денови освен среда и петок. Тие два денови се пости на вода.
Риба се јаде секоја сабота и недела, како и на Воведение на Пресвета Богородица.
Последната недела од постите е построга, не се јаде риба, ниту масло. Таа недела се пости со вода.
27.11.2015 - 16:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









