За кого нема повеќе место во куќата на „Големиот Брат"?

 

Вечерва во куќата на Големиот Брат ќе се случи уште едно исфрлување, како и секој петок. Овој пат за изненадување на сите, номинирани се нашиот Дарко и Ервин, како и Горан и Мирјана на кои сето ова веќе им е познато, бидејќи многу пати биле номинирани и го чекале судот на публиката. 

Имено, овој пат нашиот Дарко бше номиниран со само два гласа, од кои едниот од Горан, бидејќи јавно кажа дека сака Стефани да ја напушти куќата. Иако сите станари се свртеа против Хрватицата и рекоа дека сакаат да си оди дома, кога дознаа дека номинациите се јавни, се повлекоа, а само Дарко остана свој на своето и беше искрен, па тоа секако му донесе непријатели како Горан, Стефани и нејзината мајка која исто така е во куќата.

Оваа недела помина бурно во Големиот Брат. Како што минуваат деновите и како што се наближува крајот, сите се понервозни, паѓаат маските и се откриваат правите лица. Лутите ривали Горан и Зорица веќе не се смртни непријатели, сега Горан заедно со Стефани плука по нашиот Дарко, Барбара, Зорица и Тина се скараа иако постојано изјавуваат дека се како семејствно, а Мирјана ја расплака Барбара на нејзиниот роденден.

Тензиите растата од ден на ден. Останува да видиме вечерва кој ќе ја напушти куќата и за кого повеќе нема место во Големиот Брат.

Инаку, минатиот петок куќата ја напушти Ѓорѓе, кој внатре со станарите помина само три недели.

Останува вечерва да видиме какви изненадувања спремил Големиот Брат и кој станар ќе си ги спакува куферите и ќе си замине дома.

 
 
27.11.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега