Заблажете се: Направете вкусна торта од бадеми

Направете вкусна, лесна торта со бадеми, чоколадо и слатка павлака.
Се што ви е потребно е:
За кора
80 грама путер
80 грама шеќер
1 ванилин шеќер
5 јајца
100 грама брашно
100 грама меко брашно
2 лажици прашок за пециво
100 грама мелени бадеми
Путерот и брашното се користат за подмачкување на калапот за кората за печење
За фил ви е потребно:
50 милилитри млеко
2 кесички какао
50 грама шеќер
100 грама чоколадо
250 грама путер
Украси:
50 грама скршени бадеми
150 милилитри слатка павлака
16 чоколадни карамели или тофи
Припрема:
1. Во сад ставете путер, шеќер и ванилин шеќер. Додајте малку сол и жолчки од јајце. Потоа ставете топено чоколадо и белки. на крајот додајте брашно и прашок за пециво, како и мелените бадеми.
2.Смесата ставете ја во намачкан калап. Печете ја на 170 степени околу 40 минути. Кога ќе ја извадите од рерната оставете кората да се излади.
3. Сварете млеко, какао и шеќер. Оставете ги да се изладат со константно мешање, па додадете путер.
4. Кората пресечете ја хоризонтално и ставете фил. Премачкајте ја цела торта со останатата смеса. Ивиците на тортата украсете ги со скршени бадеми.
5. Ставете ја тортата во фрижидер да се излади. Потоа украсете ја со карамели и слатка павлака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









