Ова се најголемите балкански свадби: Кого не успеа да надмине Северина?

 

За нивната врска се пишуваше одамна, иако и двајцата не ја признаваа, а кога се решија да ги отворат картите, кренаа уште поголема прашина со оглед на тоа дека Игор е помлад од Северина и е син на нејзин долгогодишен колега. Двајцата викендов ја крунисаа својата љубов, а свадбата дефинитивно се смета за свадба на векот на Балканот, за која уште долго ќе се зборува.

Исто како и свадбата на Северина, незаборавна венчавка за која се крена прашина имаа и Лепа Брена и Боба. Таа се зема во тогаш најекслузивен хотел во Белград, а докажа дека љубовта може да трае со години. Венчавката се одвиваше пред 500 гости, а покрај семејството и роднините, тука беа голем број естрадни лица, врвни пејачи и секако спортисти. 

Венчавка за која се зборуваше долго и дефинитивно е незаборавна, е онаа на Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер и Јелена. Тие се венчаа на Свети Стефан, на свадбена прослава со 140 гости. Јелена заблеска, а Новак секако и на свадбата беше хумористичен како и секогаш.

 

Една од незаборавните венчавки е и онаа на Николина Пишек и нејзиниот избраник. Таа и бизнисменот имаа 70 гости, а церемонијата беше гламурозна и за неа долго се пишуваше во медиумите.

 

 
 
24.11.2015 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега