УПАТСТВО: Што (не) треба да правите во случај на терористички напад?
Ако сте надвор од видното поле, тоа не значи дека сте безбедни затоа што куршумите можат да поминат низ метал, цигла и стакло.
Британските власти објавиле застрашувачко упатство и насоки за тоа како некој треба да се однесува во случај на терористички напад.
Се советува дека во случај на напад најдобро е да се бега и по можност да се сокриете, но при тоа да се внимава да не се прават никакви нагли потези кои би можеле да се сфатат како закана.
-Најдобро е да бегате, ако тоа е возможно, но и да инсистирате да бегаат и другите, оставете ги сите работи кои ги носите зад себе, се вели во упатството кое го објави Националната канцеларија за борба против тероризмот од Велика Британија.
Во случај да бидат блокирани премините за бегство, се советува да се оддалечите од пукањето и да се сокриете зад бетонски градби.
Исто така се советува компаниите да ги обучат своите вработени за тоа како најдобро да го обезбедат работниот простор и како соодветно да реагираартво кризни ситуации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









