Нема да верувате колку пари ќе дадат Северина и Игор за свадбата

Дури сто гости од вкупно петстоте гости кои ќе присуствуваат на свадбата на Северина Вучковиќ и Игор Којиќ која ќе се случи викендов ќе престојуваат во хотел на Нови Београд, а таму, преноќувањето чини 170 евра по човек.
Инаку, во истиот хотел и Северина и Игор ќе ја минат првата брачна ноќ, а директорот на хотелот тоа нема да им го наплати иако ќе престојуваат во луксузен апартман кој чини 700 евра за ноќ.
Свадбената вечера по гостин ќе чини 70 евра, а невестинската торта ќе биде на пет спрата.
На свадбата е забрането фотографирање и снимање.Гости ќе бидат голем број естрадни лица, а веќе е познато и какви ќе бидат поканите.
Останува да видиме каква ќе биде свадбата за која сите зборуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









