Емотивно: Бегалската криза го расплака Ноле

Новак Ѓоковиќ ја завршува Мастерс сезоната во Лондон, а најдобриот тенисер уште еднаш покажа дека не е фокусиран само на теренот, туку и на случувањата во светот.
Ноле во Лондон зборувал за бегалската криза која ја потресе Европа.
„Тешко е да се гледа во какви проблеми се бегалците кои поминуваат низ Србија. Неопходен е хуман одговор во оваа криза. Поледиците од војната во Сирија се страшни. Мислам дека од 12 милиони граѓани, третина ја напуштија земјата. Многумина поминаа низ Србија за да дојдат до својата цел, а тоа се земијите на западна Европа. Најмногу Германија и Австрија, а Србија е на тој пад. Видов со какви проблеми се соочуваат бегалците“, емотивно раскажа Ноле и се расплака пред новинарите во Лондон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









