Последните зборови на Курт Кобејн и Робин Вилијамс

 

Прошталните пораки на луѓето кои одлучиле да посегнат по својот живот се секогаш мачни. Последните зборови на овие познати личности го обиколија светот и вознемирија многумина кои ги сакаа.

Последната порака ја напишал Курт Кобејн на својот замислен другар од детството- Боди. На крајот неколку редови посветил и за ќерката и сопругата.

-Френсис и Кортни, ќе бидам со вас на олтар. Кортни, те молам продолжи понатаму за Френсис. За нејзиниот живот кој ќе биде многу подобар без мене. Ве сакам, ве сакам, напишал Курт Кобејн.

Според многумина Робин оставил серија проштални писма кои можеби во блиска иднина ќе испливаат на површина. Личноста која најлошо се чувствувала по неговата смрт е неговата ќерка Зелда Рае, на која и посака среќен роденден.

Неговиот последен твит гласеше вака:

-Среќен ти роденден Зелда Рае Вилијамс! Денес си стара четвртина век, но секогаш ќе бидеш мое девојче. Среќен роденден Зелда, те сакам.

 
 
14.11.2015 - 15:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега