Дипломирала со просек 9,5 и не може да се вработи - еве што е проблемот со девојката

 

Саша од Нови Сад е паметна девојка, која дипломирала на смерот графички дизајнер со просек 9,5 како една од тројцата најдобри студенти во генерацијата.

Сепак 23-годишната девојка поднела безброј барања за оглас за работа, но како што вели и смата скоро е невозможно да најде.

Нејзиниот проблем е во тоа што, таа е родена како машко. Мајка и ја прифатила, но татко и никогаш.

- Не можеше да се помири со фактот дека су мразлична, дури и физички ме напаѓаше. Но, сето тоа што го преживував за мене беше мотив да бидма подобар студент - вели девојката која обично работи проекти преку интернет. 
Кога оди на разговор за работа не ја одбиваат, како што вели таа заради дипломата, туку за тоа во личната карта. 
И покрај сите потешкотии, таа се одлучила јавно да каже дека е транс лице уште на студиите, а сега е во медицинска транзиција.
 
 
11.11.2015 - 22:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега