ФОТО: Што се крие зад нејзиното совршено селфи - Девојка која собра храброст да проговори за нејзиниот лажен живот

 

Таа прави феноменални секси фотографии кои ги дели со илјадници фанови, а сега решила да ја открие вистината и јавно да каже што се случува зад објективот.

Дваесетгодишната Лекси Харви ја разби илузијата која ја дава на социјалните мрежи и откри дека ги лажира ноќните излегувања така што со часови се подготвува да направи совршено селфи, а всушност не ни излегува во град.

Оваа студентка признала дека поминува неколку часа подготвувајќи се за совршено „се разбудив ваква“ слефи во очајната желба да ги импресионира илјадниците обожаватели на Инстаграм.

Лекси сега завзема одличен став против лажниот имиџ кои луѓето го пласираат онлајн поради апликациите кои ги охрабруваат да создадат совршена слика за себе и да ги измамат своите обожаватели да помислат дека имаат совршен живот.

Инспирирана од австралиската блогерка Есена Онил која деновиве под своите фотографии стави искрени натписи за тоа што навстина се случува во нејзиниот живот во моментот кога ќе постави слика на Инстаграм.

„Друштвените мрежи не се нашиот реален живот, тие претставуваат само најдобри работи со него. Константно гледаме блогери и луѓе кои не ги знаеме како поставуваат совршени фотографии и селфи и на тој начин создаваме слика за нив дека се совршени и дека водат до совршени животи. Но вистината е дека тие најверојатно се исти како сите ние, се борат со обврските на факултет, работа и животот воопшто. Поради друштвените мрежи создаваме впечаток дека сите тие се совршени, а вистината е далеку од тоа“, изјавила Лекси за студентскиот весник „The Tab“.

Таа открила како поради друштвените мрежи често била анксиозна и дека често ги бришела постовите на кои не добивала доволно лајкови.

Сега се се променило и Лекси се посветила на тоа да го разтокрие феноменот на лажно претставување на друштвените мрежи со тоа што го пишува под секоја слика и за реалната состојба за тоа како изгледа и што во нејзиниот живот се случува.

„Вау навистина би сакала да изгледам вака“, напишала Лекси под една нејзина фотографија.

Објаснила дека никогаш не би поставила исфотошопирана фотографија каде изгледа послабо отколку што е и дека не е фер да постави фотка со лажен тен и комплетна шминка.

Тоа не е онаа слика која вашиот дечко ја гледа внатре кога ќе се разбудите и едноставно не е вашата искрена репрезентација“, искрена е Лекси.

Открила дека реакцијата на нејзиниот потфат е јако позитивен и дека е среќна што таа мала промена која ја направила сепај нешто променува.

 
 
10.11.2015 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега