Ова ретко се случува: Каролина Гочева откри детали за приватниот живот

Нашата поп ѕвезда Каролина Гочева во интервју за еден српски магазин открива детали од приватниот живот. Поп-дивата сака природен изглед, без премногу детали и нападна шминка. Таа признава и какви мажи сака.
-Изгледот е само прв впечаток и искрено, се помалку ми е важен. Не ме привлекуваат мажи кои се преотеретени со својот изглед. Ми се допаѓа кога мажот е добро облечен, но не ми се допаѓа кога се гледа дека многу се потрудил околу тоа, вели Каролина.
Каролина вели дека од својата двесетта година води посебна нега, иако не ја плашат брчките и вели дека тоа денес е лесно за решавање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









