Секој месец на раѓање носи различни болести!

 
Според податоците добиени од едно истражување спроведено на 1,7 милиони луѓе, родените во јануари најчесто боледуваат од хипертензија или висок крвен притисок, додека февруари како месец на раѓање носи пореметување на срцевиот ритам кој предизвикува треперење на преткомората.
И пролетните месеци носат срцеви болести, па така, оние кои се родени во март боледуваат од атеросклероза, а оние кои слават роденден во април- ангина пекторис.
 
Родените во мај, јуни, јули и август се најчесто здрави и поштедени од болести, додека родените во септември боледуваат од астма.
 
Месец октомври носи ментални болести, ноември чести инфекции, а родените во декември се борат со бронхиолит од најраните денови.
 
Извор: Сител 
 
 
08.11.2015 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега