Чудото на Света Петка: Докторите му рекле дека умира, но се спасил од вода

Миодраг Тодоровиќ открива како Света Патка му помогнала во животот. -Еднаш бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99 отсто, само еден 1 отсто ми дадоа дека ќе преживеам. Беше 10 часот навечер, а јас цело време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно.
Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка. Ми кажа:„Добро, ќе ти донесам утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта.
„Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми ми донесе вода помислив:„Сакам да ја испијам оваа вода па нека умрам“. Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.
Извор: Денешен
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








