Електричен чешел кој ликвидира вошки

Научниците од Институтот „Фрауенхоф“ во Германија, направиле чешел со електрично полнење кој отстранува вошки и гниди на нов начин.
За разлика од традиционалните чешли, во забците на овој чешел поминува електрична струја со висок напон. Врвовите на забците ја вршат улогата на електроди и испорачуваат кратки енергетски импулси.
Струјата ги полни молекулите со енергија, доволна да убие вошка, но не ја зголемува температурата, што го прави безбеден за луѓето.
Истражувачите спроведоа детални тестови за безбедност и утврдиле дека чешелот ги уништува вошките за еден ден, со еднократна употреба.
Ова не е прв чешел, за кој се тврди дека ги уништува вошките, но може да е првиот кој всушност е ефикасен.
Научниците почнаа го продаваат во близина на педијатриски ординации, но очекуваат негова по широка примена.
Според нив чешелот би можел да послужи и за затоплување на домашни животни.'
Извро: Курир.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









