Исидора Бјелица од Скопје: Еве што и дава сила да се бори против тешката болест

Писателката Исидора Бјелица, е мајка на две деца, а моментално е во Скопје, поради терапиите кои ги прима. Таа трет пат боледува од канцер, а за српските медиуми признава дека има огромна поддршка од луѓето.
„И овде во Скопје, и во Белград, луѓето штом ме видат ме прегрнуваат, ме стегаат за рака, се молат за мене, ми даваат цвеќе, јаболко, икони... Тоа е мојата сила, таа огромна љубов на илјадници луѓе... Бидејќи љубовта мора да се заслужи. Јас сум благословена со огромната љубов на сите народи на Балканот како и поддршката од јавноста“, изјави Бјелица за српски Булевар.
06.11.2015 - 19:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








