„Ми рече дека не е подготвен за врска, а потоа се ожени“

Кога раскинавме, моето момче ми рече дека е премногу млад за сериозна врска, а по една година подоцна БИНГО.! Фраерот се ожени....
Колку пати сте ги слушнале овие фрази „Не сум јас за врска“, „ Не сакам да се врзувам“, „ Премногу ова стана сериозно за мене“, и тоа од истите овие типови ќе ги сретнете на улица во семејна пошетка.
Најверојатно до сега ви е јасно дека тоа се само фрази и ништо повеќе. Можеби премногу си го притискала, а потоа се појавила некоја друга која не му зборувала многу за љубовта и бракот, туку делувала.
Можеби си му летала во незгоден момент, п0 неговото раскинување, па не знаел кај му е главата. Со тебе си ги лекувал раните и повредената суета. А ти си сакала да го врзеш токму кога тој почнал да ја вкусува слободата... „ Е да се сретневме во друго време“... Можеби никогапш не си му била претерано интересна, па нашол „ оригинален начин„“ да те откачи, или сакал да те провери така што во лице ќе ти ја плесне вистината ( дека си досадна, дека многу бараш и дека повеќе не си му потребна, бидејќи тоа што му требало го добил од тебе).
Можеби се оладил и не сака да испадне безчиуствителен кретен, бидејќи пати од тоа да им остава на сите впечаток на добро момче.
Можеби си била поглупа од него, или пак попоаметна од него...
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









